26 Но тој им одговори: ,Ве уверувам, дека, на оној што веќе има спечалено нешто, ќе му се даде уште, а од оној што нема спечалено ништо, ќе му се одземе и тоа што го има!
27 А сега, доведете ги и погубете ги пред мене сите мои непријатели, кои се противеа на моето царување над нив!‘“
28 Завршувајќи го излагањето, Исус, на чело на народот, продолжи да се искачува кон Ерусалим.
29 Кога се приближи до Бетфага и Бетанија, на Маслиновата Гора, испрати двајца од Своите ученици
30 и им рече: „Одете до селото што е пред вас. На влезот во селото ќе најдете врзано младо магаре кое никој досега не го јавал. Одврзете го и доведете го.
31 Ако некој ве праша: ,Зошто го одврзувате?‘, кажете му дека Му е потребно на Господ.“
32 Тие заминаа и најдоа сe како што им беше кажал Исус.