28 Завршувајќи го излагањето, Исус, на чело на народот, продолжи да се искачува кон Ерусалим.
29 Кога се приближи до Бетфага и Бетанија, на Маслиновата Гора, испрати двајца од Своите ученици
30 и им рече: „Одете до селото што е пред вас. На влезот во селото ќе најдете врзано младо магаре кое никој досега не го јавал. Одврзете го и доведете го.
31 Ако некој ве праша: ,Зошто го одврзувате?‘, кажете му дека Му е потребно на Господ.“
32 Тие заминаа и најдоа сe како што им беше кажал Исус.
33 Кога го одврзуваа магаренцето, неговите сопственици ги прашаа: „Зошто го одврзувате магаренцето?“
34 Тие одговорија: „Потребно Му е на Господ!“