35 и го доведоа кај Исус, ги положија своите облеки врз магаренцето, па Го качија Исуса.
36 Додека Тој јаваше, народот ги постилаше своите облеки по патот.
37 Кога се доближи до Ерусалим, на падините на Маслиновата Гора, големиот број Негови ученици почнаа радосно и гласно да пеат, славејќи Го Бога за сите величествени нешта што ги беа виделе, велејќи:
38 „Благословен нека биде Царот, Кој доаѓа во името на Господ! Мир на небото и слава на Бог во височините!“
39 Тогаш, некои од фарисеите кои се најдоа меѓу народот, Му рекоа: „Учителе! Нареди им на Твоите ученици да замолкнат!“
40 Исус им одговори: „Да ви кажам нешто: Ако тие замолкнат, камењата ќе извикуваат!“
41 Кога Исус се приближи до Ерусалим и го виде пред Себе, заплака за него,