40 Исус им одговори: „Да ви кажам нешто: Ако тие замолкнат, камењата ќе извикуваат!“
41 Кога Исус се приближи до Ерусалим и го виде пред Себе, заплака за него,
42 и рече: „Ех, кога би знаел ти денес што е потребно за да има мир во тебе! Но твоите очи сега не можат да го видат тоа.
43 Ќе дојде време кога твоите непријатели ќе те опколат со барикади, ќе те стават под опсада и ќе те затворат од сите страни.
44 До темел ќе те разурнат и ќе ги погубат твоите жители, ниту камен врз камен нема да остават, сe поради тоа што ти не го препозна времето кога Бог те посети за да ти понуди спасение!“
45 Потоа Исус влезе во храмот и почна да ги исфрла оние што таму тргуваа,
46 велејќи: „Во Светото Писмо стои напишано дека Бог рече: ,Мојот храм нека биде место за молитва‘, а вие го претворивте во разбојничко дувло!“