1 Во тоа време римскиот император Август издаде заповед за прв попис на населението во неговата земја.
2 Во времето на тој попис управник на Сирија беше Квиринеј.
3 Тогаш секој отиде да се запише во местото на своето потекло.
4 Така и Јосиф, кој беше потомок на царот Давид, тргна од галилејскиот град Назарет во јудејскиот град Витлеем, родното место на Давид.