11 Денес, во Давидовиот град, во Витлеем, ви се роди Спасителот - Месијата, Господ.
12 Доказ за ова ќе ви биде следното: во јаслите ќе најдете Новороденче во повој.“
13 Вчасот, на ангелот му се придружија голем број ангели од небото, кои Го славеа Бога пеејќи:
14 „Слава на Бог во небесата, а на Земјата мир за луѓето над кои почива Неговата благонаклоност!“
15 Кога ангелите се вратија на небото, пастирите си рекоа еден со друг: „Ајде да појдеме до Витлеем и да ја видиме оваа случка со која нe запозна Господ!“
16 Отидоа брзајќи и ги најдоа Марија и Јосиф со Новороденчето кое лежеше во јаслите.
17 Откако Го видоа, на сите им раскажуваа за сето она што им го беше рекол ангелот за Детето.