18 Сите што го слушаа ова од пастирите, се восхитуваа,
19 а Марија ги запамети сите тие зборови и често размислуваше за нив.
20 Потоа пастирите се вратија, пеејќи Му славопојки на Бог за сето она што го слушнаа и видоа, зашто сe беше точно така како што им кажа ангелот.
21 На осмиот ден, при обрежувањето, на Новороденчето Му беше дадено името Исус, како што Го беше нарекол ангелот уште пред да биде зачнат.
22 Кога помина времето на нивното исчистување, согласно со Мојсеевиот Закон, Јосиф и Марија Го донесоа Детето во Ерусалим за да Го посветат пред Господ,
23 како што е пропишано со Законот Господов: ,Секое првородено машко дете да Му биде посветено на Господ.‘
24 Отидоа да принесат и жртва: две грлици или две гулапчиња, како што се бараше според Господовиот Закон.