30 Моите очи Го видоа Спасителот,
31 Кого Ти Го испрати за сите народи.
32 Тој е Светлина што на народите ќе им го открие Бога и ќе Му донесе слава на Твојот народ, Израел!“
33 А Јосиф и Марија се восхитуваа од овие зборови искажани за Исус.
34 Тогаш Симон ги благослови, и и рече на Марија, мајката на Детето: „Ова Детенце е избрано од Господ да собори и да подигне мнозина во Израел; ќе биде знак против кој луѓето ќе зборуваат,
35 откривајќи ги така своите тајни мисли. А тебе, тагата како меч ќе ти ја прободе душата.“
36 Таму беше и една многу стара пророчица, по име Ана, ќерка на Фануел, од Ашеровото племе. По своето моминство, таа живеела во брак седум години, а потоа останала сама; сега имаше осумдесет и четири години.