4 Така и Јосиф, кој беше потомок на царот Давид, тргна од галилејскиот град Назарет во јудејскиот град Витлеем, родното место на Давид.
5 Јосиф отиде таму да се запише заедно со својата бремена свршеница, Марија.
6 Додека беа таму, нејзе и дојде времето да се породи.
7 И роди Син, нејзино Првороденче, Го пови и Го положи в јасли, бидејќи за нив немаше место во ноќевалиштето.
8 Во истиот тој крај, имаше пастири кои ноќеваа во полето, чувајќи ги своите стада.
9 Одеднаш им се јави ангел Господов и славата Господова ги осветли, од што тие многу се исплашија.
10 Но ангелот им рече: „Не плашете се! Ви носам радосна вест, што ќе ги зарадува сите народи.