Лука 20:11-17 MNT

11 Потоа прати друг слуга, но лозарите и него го натепаа, го понижија и го испратија со празни раце.

12 Прати и трет слуга, но лозарите и него го претепаа и го избркаа.

13 Тогаш сопственикот на лозјето рече: ,Што да правам? Ќе го испратам мојот син - љубимецот мој; се надевам дека спрема него ќе покажат почит.‘

14 Но кога лозарите го видоа синот, си рекоа еден на друг: ,Еве го наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!‘

15 Исфрлајќи го надвор од лозјето, тие го убија. Сега, што ќе им направи сопственикот на лозарите?

16 Ќе дојде и ќе ги погуби тие злосторници, а лозјето ќе им го даде под наем на други лозари!“ А луѓето што го слушаа ова, рекоа: ,Да не даде Господ вакво нешто да се случи!‘

17 Исус ги погледна и ги праша: „Тогаш, што значат следниве зборови запишани во Светото Писмо: ,Каменот што ѕидарите го отфрлија, стана камен - темелник‘?