21 Тие Му велеа: „Учителе, знаеме дека тоа што го зборуваш и го учиш е правилно. Знаеме дека Ти не гледаш на тоа кој е кој, туку вистинито го проповедаш Божјиот пат.
22 Кажи ни, дали ние треба да му плаќаме данок на римскиот император, или не?“
23 Исус го проѕре нивното лукавство, па им рече:
24 „Покажете ми една римска монета. Чиј лик и име се втиснати на монетата?“ Тие Му одговорија: „На императорот“.
25 Тогаш Исус им рече: „Дајте му го на императорот тоа што му припаѓа на императорот, а на Бога - тоа што Му припаѓа на Бога!“
26 И не можеа да Го уловат на збор пред народот, па затоа, вчудовидени, замолкнаа.
27 Тогаш на Исус Му пријдоа некои садукеи (тие не веруваат во воскресение на мртвите) и Го прашаа: