27 Тогаш на Исус Му пријдоа некои садукеи (тие не веруваат во воскресение на мртвите) и Го прашаа:
28 „Учителе! Мојсеј ни остави ваков пропис: Ако некој човек умре, оставајќи ја својата жена без пород, тогаш со неа нека се ожени братот на починатиот, за да му подигне пород кој ќе се смета за потомство на починатиот човек.
29 Си беа седуммина браќа. Најстариот се ожени и умре без да има деца.
30 Тогаш вториот по возраст брат ја зеде жената,
31 а по него и третиот, и така по ред - до седмиот. Сите тие умреа не оставајќи пород зад себе.
32 На крајот умре и жената.
33 Сега, чија жена ќе биде таа по воскресението, со оглед на тоа што им била жена на сите седуммина?“