29 Си беа седуммина браќа. Најстариот се ожени и умре без да има деца.
30 Тогаш вториот по возраст брат ја зеде жената,
31 а по него и третиот, и така по ред - до седмиот. Сите тие умреа не оставајќи пород зад себе.
32 На крајот умре и жената.
33 Сега, чија жена ќе биде таа по воскресението, со оглед на тоа што им била жена на сите седуммина?“
34 Исус им одговори: „На овој свет мажите и жените стапуваат во брак,
35 додека оние што ќе бидат достојни за оној свет и за воскресението, ниту ќе бидат женети, ниту мажени.