38 Очигледно, Тој е Бог на живите, а не на мртвите, и за Него сите се живи!“
39 На ова, некои од вероучителите Му рекоа: ,Добро им одговори, Учителе!‘
40 И повеќе не се осмелија да Му поставуваат никакви прашања.
41 Исус ги запраша: „Како може да се смета дека Месијата е потомок на Давид?
42 Не вели ли самиот Давид, во книгата на Псалмите, вака: ,Јахве Му рече на Мојот Господ: седни од Мојата десна страна,
43 додека не ги соборам Твоите непријатели под нозете Твои!‘
44 Значи, Давид Го нарече Него ,Господ‘; како може, тогаш, Месијата да биде Давидов потомок?“