1 Кружејќи со погледот, Исус виде како богатите ставаат големи парични прилози во храмот.
2 Потоа виде и една сиромашна вдовица која стави само две бакарни парички,
3 па рече: „Ве уверувам дека оваа сиромашна вдовица даде поголем прилог од сите,
4 бидејќи, сите други дадоа прилози за храмот од вишокот што го имаат, а таа, и покрај својата сиромаштија, ја даде сета своја животна издршка.“
5 Бидејќи некои луѓе зборуваа за храмот, за неговите украсни камења и за подарените работи во него, Исус рече: