16 А ќе ве предаваат и вашите сопствени родители, браќа, роднини и пријатели. Некои од вас ќе бидат и погубени.
17 Сите ќе ве замразат поради вашата вера во Мене.
18 Но, ни влакно од главата нема да ви падне.
19 Останете непоколебливи и ќе ги спасите своите души.“
20 „Кога ќе го видите Ерусалим опколен од војски, знајте дека наскоро тој ќе биде разурнат.
21 Тогаш тие што ќе се најдат во Јудеја нека бегаат во планините! Тие што се во Ерусалим нека излезат од него! Тие што ќе бидат по нивите нека не се враќаат во градот!
22 Зашто, тоа ќе биде време на Божја казна и ќе се исполни сe што е запишано за тоа во Светото Писмо.