Лука 21:24-30 MNT

24 Едни ќе бидат со меч убиени, други ќе бидат одведени како робови меѓу сите народи. А Ерусалим ќе го газат туѓи, нееврејски народи, додека не помине нивното време.“

25 „Необични појави ќе има на Сонцето, на Месечината и на ѕвездите. На Земјата цели народи ќе бидат потиштени и исплашени пред неизвесноста и бучавата на морето и разбеснетите бранови.

26 Луѓето ќе премираат од страв, во исчекување на она што ќе го снајде светот, зашто и вселенските сили ќе отстапат од законитоста по која дејствуваат.

27 Тогаш ќе Го видат Синот Човечки, како доаѓа на облак со величествена моќ и слава!

28 Кога сето ова ќе почне да се случува, исправете се со кренати глави, зашто вашето спасение е сосема близу!“

29 Потоа Исус им ја кажа оваа споредба: „Имајте ги предвид смоквите и другите дрвја.

30 Кога ќе забележите дека разлистуваат, знаете дека се приближува летото.