29 Потоа Исус им ја кажа оваа споредба: „Имајте ги предвид смоквите и другите дрвја.
30 Кога ќе забележите дека разлистуваат, знаете дека се приближува летото.
31 Така, кога ќе видите дека сите овие работи почнуваат да се случуваат, ќе знаете дека Божјото царство наближува.
32 Ве уверувам, дека оваа генерација нема да изумре, додека сето ова не се исполни.
33 Небото и Земјата ќе исчезнат, но Моите зборови ќе останат засекогаш.“
34 „Чувајте се да не се занесете во прослави, во пиење или во прекумерни грижи за овој живот, зашто Оној ден ќе ве затекне ненадејно,
35 како замка што ќе дојде по сите луѓе, во целиот свет!