2 Свештеничките поглавари и вероучителите настојуваа да најдат начин да Го убијат Исуса, но се плашеа од бунт меѓу народот.
3 Тогаш Сатаната влезе во Јуда наречен Искариот, кој беше еден од дванаесеттемина Исусови ученици.
4 Тој отиде кај свештеничките поглавари и кај управителите на храмот да се договори како да им Го предаде Исуса.
5 Тие се израдуваа и му ветија дека ќе му платат за тоа.
6 Јуда се согласи и почна да бара погоден момент да им го предаде кога нема да има народ наоколу.
7 Дојде денот на празникот Бесквасни лебови, кога за пасхалната вечера се колеа јагниња.
8 Исус ги испрати Петар и Јован со следниве упатства: „Одете и подгответе ја за нас пасхалната вечера.“