28 Вие останавте со Мене во текот на сите Мои искушенија.
29 И, еве, Јас ви давам царска чест, како што и небесниот Татко ми ја даде Мене.
30 Вие ќе јадете и ќе пиете на Мојата трпеза, во Царството Мое, ќе седите на престоли и ќе им судите на дванаесетте израелски племиња.“
31 Исус продолжи: „Симоне, Симоне! Еве, Сатаната побара дозвола да ве искуша сите. Тој ќе се обиде да ве просее, како што земјоделецот ја просејува пченицата.
32 А Јас се молев за тебе, Симоне, да не потклекнеш во твојата вера. Така и ти, кога повторно ќе се вратиш кај Мене, поткрепувај ги своите пријатели христијани!“
33 Петар одговори: „Господе! Јас сум готов да одам со Тебе и во затвор и во смрт!“
34 Но Исус му рече: „Еве, ти кажувам, Петре, пред да запеат петлите в зори, ти трипати ќе одрекуваш дека воопшто Ме познаваш!“