37 Зашто, еве, ви кажувам дека за Мене мора да се исполни она што е претскажано во Светото Писмо: “Тој ќе биде осуден како да е злосторник!“ Тоа ќе се оствари за Мене сега.
38 Учениците Му рекоа: „Господе, имаме два ножа!“ А Тој им рече: „Доволно зборувавме за тоа!“
39 Потоа Исус си замина од горната соба и отиде, како и обично, на Маслиновата Гора. Со Него појдоа и Неговите ученици.
40 Кога стигна на тоа место, им рече: „Молете се да не потклекнете пред искушението!“
41 А Тој се одвои од нив, на растојание колку што може да се фрли камен со рака и клекна да се моли:
42 „Небесен Татко! Ако сакаш, Те молам поштеди Ме од оваа страдалничка чаша! Сепак, нека се исполни Твојата волја, а не Мојата желба.“
43 Тогаш Му дојде ангел од небото и Го бодреше.