43 Тогаш Му дојде ангел од небото и Го бодреше.
44 Кога Го обзеде стравотна внатрешна борба, Тој уште поревносно се молеше, така што пот му капеше по земјата како капки од крв.
45 Станувајќи од молитва, Тој се врати кај Своите ученици и ги затекна заспани, премалени од големата тага.
46 Па им рече: „Зошто спиете!? Станете и молете се за да не потклекнете пред искушението!“
47 Уште додека Исус зборуваше, пристигна толпа народ, предводена од Јуда, кој беше еден од дванаесеттемина Исусови ученици. Јуда Му се приближи на Исус, за да Го бакне, во знак на поздрав.
48 А Исус му рече: „Јуда! Зар со бакнеж Го предаваш Синот Човечки!?“
49 Кога учениците на Исус сфатија што се случува, повикаа: „Господе! Да се браниме со ножеви!“