48 А Исус му рече: „Јуда! Зар со бакнеж Го предаваш Синот Човечки!?“
49 Кога учениците на Исус сфатија што се случува, повикаа: „Господе! Да се браниме со ножеви!“
50 И еден од нив замавна кон слугата на Првосвештеникот и му го отсече увото.
51 Но Исус им рече: „Престанете!“ Потоа со допир му го исцели увото на човекот.
52 Потоа Исус им се обрати на свештеничките поглавари, на управителите на храмот и на старешините кои заедно беа дојдени да Го фатат: „Зар требаше да дојдете по Мене со ножеви и со стапови, како да Сум разбојник!?
53 Со вас бев секојдневно во храмот, зошто таму не Ме уапсивте? Но ова е вашиот миг и времето на мрачните сили.“
54 Тие Го уапсија Исуса и Го одведоа во куќата на Првосвештеникот. А Петар Го следеше оддалеку.