64 Му ги врзаа очите и Му говореа: „Погоди кој Те удри!“
65 Му упатуваа и многу други навредливи зборови.
66 Кога се раздени, се состанаа народните старешини, свештеничките поглавари и вероучителите и Го изведоа Исуса пред еврејскиот Врховен совет.
67 Тогаш Го прашаа: „Кажи ни, Ти ли си Месијата?“ Исус им одговори: „И да ви кажам, нема да Ми верувате!
68 И кога би ве прашал нешто, вие нема да Ми одговорите.
69 Но отсега Јас, Синот Човечки, ќе седам оддесно на Семоќниот Бог.“
70 А тие во еден глас Му рекоа: „Тогаш, значи, Ти тврдиш дека си Божјиот Син, зар не?“ Тој им одговори: „Да! Вие самите рековте дека Јас сум Тој“.