8 Исус ги испрати Петар и Јован со следниве упатства: „Одете и подгответе ја за нас пасхалната вечера.“
9 А тие Го прашаа, каде сака да ја подготват вечерата?
10 Тој им одговори: „Кога ќе влезете во Ерусалим, ќе сретнете еден човек како носи стомна со вода. Следете го до куќата во која тој ќе влезе,
11 и кажете му на сопственикот на куќата: ,Учителот прашува каде е собата во која Тој со Своите ученици ќе ја прослави пасхалната вечера?‘
12 Тој ќе ви покаже веќе наместена голема соба, на горниот кат; тука подгответе ја вечерата.“
13 Тие отидоа и навистина најдоа сe како што им беше рекол Исус и ја приготвија пасхалната вечера.
14 Кога дојде времето, Исус седна на трпезата со Своите апостоли,