10 Меѓу жените беа и Марија од Магдала и Јоана, и Марија - мајката на Јаков, и други жени кои им го кажаа тоа на апостолите,
11 но апостолите ги сметаа нивните зборови за измислени и не им поверуваа.
12 Сепак, Петар стана и со трчање се упати кон гробницата. Тој ѕирна внатре и не виде ништо друго освен платното во кое беше замотано телото на Исус. Потоа се врати дома, во голема недоумица за она што се случило.
13 Истиот ден двајца од Исусовите ученици одеа кон селото Емаус, кое се наоѓаше на околу единаесет километри од Ерусалим.
14 Двајцата разговараа меѓу себе за сето ова што се случуваше.
15 Додека разговараа за сe што се случи и размислуваа, до нив се приближи Исус и зачекори заедно со нив,
16 но нивните очи не Го препознаа.