2 Но ја најдоа гробницата отворена и гробната плоча иставена.
3 Влегоа во гробницата, но таму го немаше телото на Господ Исус.
4 Додека стоеја таму збунети, ненадејно пред нив се појавија двајца мажи во блескави облеки.
5 Исплашени, жените се наведнаа кон земјата, кога тие им се обратија, велејќи им: „Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите?
6 Тој не е овде! Воскресна! Сетете се што ви велеше уште додека беше во Галилеја:
7 ,Синот Човечки ќе треба да биде предаден во рацете на грешници, кои ќе Го распнат, но на третиот ден Тој ќе воскресне.‘
8 Тогаш жените се сетија дека Исус навистина им го кажа тоа.