32 Тие си проговорија еден на друг: „Зар не ни се разгореа срцата уште по патот, кога Тој ни говореше и ни го објаснуваше Светото Писмо!?“
33 Тогаш тие веднаш станаа и се вратија во Ерусалим, каде што ги најдоа единаесеттемина ученици, собрани со своите пријатели,
34 па им рекоа: „Господ навистина воскреснал и му се јавил на Симон Петар!“
35 Потоа почнаа да им раскажуваат за сето она што им се случи ним, на двајцата, на патот кон Емаус, и како Го препознаа кога Тој го раскрши лебот.
36 Додека овие двајца им го раскажуваа тоа, меѓу нив се појави Исус, застана и ги поздрави, посакувајќи им мир.
37 Присутните беа збунети и исплашени, па мислеа дека гледаат дух.
38 Но Исус им рече: „Што сте се стаписале? Зошто ви се јавуваат сомнежи во мислите?