37 Присутните беа збунети и исплашени, па мислеа дека гледаат дух.
38 Но Исус им рече: „Што сте се стаписале? Зошто ви се јавуваат сомнежи во мислите?
39 Видете Ми ги рацете и нозете, па уверете се дека тоа Сум Јас. Допрете Ме и ќе се уверите, зашто духот нема ни месо ни коски, а гледате дека Јас имам!“
40 Кога го рече ова, Тој им ги покажа рацете и нозете.
41 Од радост и од возбуда, тие не можеа да им веруваат на сопствените очи! Затоа, Исус им рече: „Имате ли овде нешто за јадење?“
42 Тие Му подадоа парче печена риба,
43 и Тој ја изеде пред нивните очи.