42 Тие Му подадоа парче печена риба,
43 и Тој ја изеде пред нивните очи.
44 Потоа Исус им рече: „За ова ви зборував уште додека бев со вас, имено, сe што е претскажано за Мене во книгите на Мојсеевиот Закон, на пророците и во Псалмите, требаше да се исполни.“
45 Тогаш им ги просветли умовите за да им стане јасно Светото Писмо,
46 и им рече: „Запишано е дека Месијата треба да настрада и да воскресне на третиот ден,
47 дека во Неговото име ќе се проповеда пораката за покајание и простување на гревовите меѓу сите народи, почнувајќи од Ерусалим.
48 Вие сте сведоци за тоа.