50 Потоа Исус ги поведе надвор од градот, во близина на Бетанија, каде што ги подигна Своите раце и почна да ги благословува.
51 Додека ги благословуваше, се подигаше над нив и се вознесе на небото.
52 Тие Му се поклонија и многу радосни се вратија во Ерусалим,
53 каде што целото време го минуваа во храмот, славејќи Го Бога.