7 Многу луѓе доаѓаа да се крстат кај Јован, а тој им велеше: „Змиски рожби! Кој ве предупреди, та бегате од гневот што доаѓа!?
8 Докажете на дело дека навистина се каете! Не залажувајте се со тоа што сте потомци на Авраам, зашто, ви велам, Бог може и од овие камења да подигне Авраамови потомци!
9 Божјата секира е веќе замавната и в корен ќе го пресече и в оган ќе го фрли секое дрво што не раѓа добар плод!“
10 Тогаш луѓето го прашуваа: „Што треба да правиме?“
11 А Јован им одговори: „Кој има две кошули, нека му даде една на оној што нема ниту една; и кој има храна, нека ја подели со другите.“
12 Дојдоа да се крстат и некои од собирачите на данок, прашувајќи: „Учителе, што треба ние да правиме?“
13 А тој им одговори: „Не земајте повеќе од она што е определено!“