10 зашто во Светото Писмо пишува: ,Бог ќе им заповеда на Своите ангели да Те чуваат‘,
11 и дека тие ќе Те понесат на своите дланки, за да не си ја сопнеш ногата на камен.“
12 Исус му одговори: „Но, го пишува и следново: ,Не искушувај Го Господ, својот Бог!‘“
13 Исцрпувајќи ги сите можни искушенија, Ѓаволот Го остави, очекувајќи друг погоден момент.
14 Тогаш Исус се врати во Галилеја, исполнет со силата на Светиот Дух. Набргу Тој стана познат по целиот крај.
15 Тој поучуваше по синагогите и сите Го фалеа.
16 Потоа Исус се врати во Назарет, каде што беше пораснал и, како што имаше обичај, во саботата дојде во синагогата. Таму стана да чита од Светото Писмо.