28 Кога присутните во синагогата го слушнаа тоа, многу се разлутија;
29 па станаа и Го исфрлија Исуса од градот и Го однесоа на врвот од ридот на кој се наоѓаше градот, со намера да Го турнат во бездна.
30 Но Тој успеа да се спровре низ толпата народ и си отиде.
31 Потоа Исус замина за Кафарнаум, град во Галилеја, каде што во саботите го поучуваше народот.
32 Луѓето беа одушевени од Неговите поуки, зашто Тој зборуваше со авторитет.
33 Во синагогата имаше еден човек обземен од демон, кој викаше на сиот глас:
34 „Што сакаш од нас, Исусе од Назарет? Зар Си дошол да нe уништиш? Знам Кој си Ти: Ти си Божјиот Светец, испратен од Бог!“