3 Тогаш Ѓаволот Му рече: „Ако си Ти навистина Божјиот Син, нареди им на камењава да се претворат во лебови!“
4 Но Исус му одговори: „Светото Писмо вели: ,Човекот не живее само од леб!‘“
5 Тогаш Ѓаволот Го крена на високо место и за миг Му ги покажа сите царства на Земјата,
6 па Му рече: „Ќе Ти дадам власт над сите нив и сиот нивни раскош, зашто тие мене ми се дадени и јас можам да ги давам кому што сакам!
7 Значи, сево ова ќе Ти припадне Тебе, ако ми се поклониш.“
8 Исус му одговори: „Светото Писмо вели: ,Поклонувај Му се на Господ, твојот Бог, и само Нему служи Му!‘“
9 Потоа Ѓаволот Го одведе во Ерусалим, Го постави на врвот од Божјиот храм и Му рече: „Ако си Ти Божјиот Син, фрли се долу,