31 Потоа Исус замина за Кафарнаум, град во Галилеја, каде што во саботите го поучуваше народот.
32 Луѓето беа одушевени од Неговите поуки, зашто Тој зборуваше со авторитет.
33 Во синагогата имаше еден човек обземен од демон, кој викаше на сиот глас:
34 „Што сакаш од нас, Исусе од Назарет? Зар Си дошол да нe уништиш? Знам Кој си Ти: Ти си Божјиот Светец, испратен од Бог!“
35 Исус му заповеда: „Замолкни и излези од него!“ Демонскиот дух го кутна човекот наземи пред очите на сите и излезе од човекот, не повредувајќи го.
36 Луѓето беа стаписани и си говореа еден со друг: „Какви моќни зборови, полни со власт и сила да им се заповеда на демони и тие да излегуваат!“
37 По ова, веста за Исус се разнесе низ сите околни места.