7 Значи, сево ова ќе Ти припадне Тебе, ако ми се поклониш.“
8 Исус му одговори: „Светото Писмо вели: ,Поклонувај Му се на Господ, твојот Бог, и само Нему служи Му!‘“
9 Потоа Ѓаволот Го одведе во Ерусалим, Го постави на врвот од Божјиот храм и Му рече: „Ако си Ти Божјиот Син, фрли се долу,
10 зашто во Светото Писмо пишува: ,Бог ќе им заповеда на Своите ангели да Те чуваат‘,
11 и дека тие ќе Те понесат на своите дланки, за да не си ја сопнеш ногата на камен.“
12 Исус му одговори: „Но, го пишува и следново: ,Не искушувај Го Господ, својот Бог!‘“
13 Исцрпувајќи ги сите можни искушенија, Ѓаволот Го остави, очекувајќи друг погоден момент.