Лука 5:1-7 MNT

1 Еднаш, Исус стоеше на брегот на Генисаретското Езеро, а луѓето се туркаа кон Него за да ја слушаат Божјата порака.

2 Тој здогледа две бротчиња извлечени на брегот. Рибарите беа излегле да ги чистат своите мрежи.

3 Исус влезе во едно од бротчињата, кое му припаѓаше на Симон, и го замоли малку да го оттурне од брегот. Потоа Исус седна на бротчето и започна да го поучува народот.

4 Кога заврши со говорот, Исус му рече на Симон: „Одвеслај понатаму, во подлабока вода, и фрлете ги мрежите.“

5 Но Симон Му одговори: „Господару, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме; но штом Ти заповедаш, ќе ги фрлиме мрежите.“

6 Кога ги спуштија мрежите уловија толку многу риби, што речиси им се искинаа мрежите.

7 Ги повикаа другарите од другото бротче да дојдат да им помогнат. Тие дојдоа и ги наполнија двете бротчиња со толку риби, што бротчињата речиси потонаа.