26 Сите останаа вчудовидени и Го славеа Бога со страхопочит, велејќи: „Чудесни работи видовме денес!“
27 Потоа Исус излезе и здогледа еден собирач на данок, по име Левиј, кој седеше на даночна тезга, па му рече: „Дојди и биди Мој следбеник!“
28 Левиј стана и оставајќи сe тргна по Исус.
29 Набргу потоа Левиј приготви голема гозба во својот дом, во чест на Исус, а меѓу гостите, покрај другите луѓе, имаше и многу собирачи на данок.
30 А фарисеите и вероучителите од нивната група почнаа да негодуваат и им рекоа на Исусовите ученици: „Зошто јадете и пиете со собирачи на данок и со други отпадници?“
31 На ова, Исус им одговори: „Не им треба лекар на здравите, туку на болните!
32 Јас не дојдов да повикувам праведници на покајание, туку грешници.“