29 Набргу потоа Левиј приготви голема гозба во својот дом, во чест на Исус, а меѓу гостите, покрај другите луѓе, имаше и многу собирачи на данок.
30 А фарисеите и вероучителите од нивната група почнаа да негодуваат и им рекоа на Исусовите ученици: „Зошто јадете и пиете со собирачи на данок и со други отпадници?“
31 На ова, Исус им одговори: „Не им треба лекар на здравите, туку на болните!
32 Јас не дојдов да повикувам праведници на покајание, туку грешници.“
33 Тогаш верските претставници Му рекоа на Исус: „Учениците на Јован Крстител редовно постат и се молат, како што прават и учениците на фарисеите, а Твоите ученици јадат и пијат!“
34 Исус им одговори: „Зар треба да се тераат сватовите да постат, додека младоженецот е со нив?
35 Но еден ден, младоженецот ќе се оддели од нив; тогаш тие ќе постат.“