34 Исус им одговори: „Зар треба да се тераат сватовите да постат, додека младоженецот е со нив?
35 Но еден ден, младоженецот ќе се оддели од нив; тогаш тие ќе постат.“
36 Потоа им ја кажа оваа споредба: „Никој не кине парчиња од нова облека за да закрпи стара облека; зашто, така би се раскинала новата облека, а и новата крпа не би прилегала врз старата облека.
37 И никој не полни ново вино во стари кожни мешини, зашто мешините ќе пукнат од новото вино и виното ќе истече, а и мешините ќе пропаднат.
38 Затоа, ново вино треба да се става во нови мешини.
39 Но никој што пие старо вино не посакува ново вино, туку ќе рече дека старото вино е подобро.“