1 Една сабота, кога Исус минуваше низ нивите, Неговите ученици кинеа клавчиња, ги триеја со раце и ги јадеа.
2 Некои од фарисеите ги прекорија, велејќи им: „Зошто го правите тоа што не е дозволено да се прави во сабота?“
3 На ова, Исус им одговори: „Зар не сте читале што направија Давид и неговите придружници кога огладнеа,
4 и како тој влезе во Божјиот Дом, па тој и неговите луѓе јадеа од посветениот леб, од кој само свештениците смееја да јадат?
5 Јас, Синот Човечки, Сум Господар и над саботата“ - заклучи Исус.