39 Потоа Исус им ја кажа оваа споредба: „Може ли слеп човек да води друг слепец? Нема ли обајцата да паднат в јама?
40 Ниеден ученик не е над својот учител. Но, кога ученикот ќе се усоврши, тогаш ќе биде како неговиот учител.
41 Зошто ја гледаш раската во окото на својот ближен, а не ја гледаш гредата во сопственото око!?
42 Како можеш да му кажеш на својот ближен: ,Брате, дозволи ми да ти ја извадам раската од окото!‘, кога ти не ја гледаш гредата во сопственото око!? Тоа е лицемерие! Извади си ја најнапред гредата од сопственото око, па ќе можеш добро да гледаш за да ја отстраниш раската од окото на својот ближен!“
43 „Нема питомо дрво што раѓа диви плодови, ниту диво дрво што раѓа питоми плодови.
44 Секое дрво се познава според своите плодови. Не се берат смокви од трн, ниту грозје од чичка.
45 Од благороден човек произлегуваат благородни работи што се напластени во неговото срце, а од лош човек произлегуваат лоши работи што се напластени во неговото срце. Секоја уста го зборува она што е напластено во срцето.“