1 Кога Исус го заврши Своето излагање пред народот, замина во Кафарнаум.
2 Таму, еден римски офицер имаше слуга што му беше многу драг, а беше тешко болен, на умирање.
3 Кога офицерот разбра за Исус, испрати кај Него неколку еврејски старешини, молејќи Го да дојде и да го исцели слугата.
4 Тие дојдоа кај Исуса и почнаа мошне сесрдно да Го молат, велејќи: „Овој човек заслужува да му излезеш во пресрет.
5 Тој го сака нашиот народ и ни изгради синагога.“
6 Исус тргна со нив. Кога наближи до куќата, офицерот испрати луѓе да Му порачаат: „Господине, не труди се понатаму, зашто не сум достоен да влезеш под мојот покрив,
7 ниту пак сум достоен да дојдам кај Тебе. Кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави!