11 Набргу потоа, Исус отиде во градот Наин. Заедно со Него беа Неговите ученици и многуброен народ.
12 Штом се приближи до градските порти, пресретна погребна поворка; беше починал синот-единец на една вдовица. Во поворката имаше многу луѓе од градот.
13 Кога Господ ја забележа вдовицата, се сожали, и и рече: „Не плачи!“
14 Потоа пријде до ковчегот и го допре. Луѓето што го носеа, застанаа, а Исус рече: „Момче, ти заповедам да станеш!“
15 Покојникот стана и почна да зборува, а Исус и го предаде на мајката.
16 Страв ги обзеде сите и Му оддаваа слава на Бог, велејќи: „Голем пророк се појави меѓу нас! Бог дојде за да го спаси Својот народ!“
17 Оваа вест за Исус се разнесе по цела Јудеја и по целата околина.