Лука 7:28-34 MNT

28 Ви велам дека меѓу родените од жена нема поголем од Јован Крстител, но и покрај тоа, и најмалиот во Божјото царство е поголем од него.“

29 Сиот народ што го слушаше - вклучувајќи ги и собирачите на данок - Му се покоруваа на ова Божјо барање и се крштаваа кај Јован Крстител.

30 Само фарисеите и вероучителите го отфрлија Божјиот план, кој беше за нивно добро, и одбија да се крстат кај Јован.

31 Исус продолжи: „Со што да ја споредам оваа генерација?

32 Тие се како деца кои седат по плоштадите и им се жалат на минувачите: ,Прво ви свиревме весело на флејта, но вие не заигравте. Потоа ви запеавме таговни песни, но вие не заплакавте!‘

33 Прво, значи, дојде Јован Крстител, кој постеше и не пиеше вино, а тие велеа: ,Демони има во него!‘

34 Потоа дојдов Јас, Синот Човечки, кој нормално јадам и пијам, а тие велат: ,Овој човек е ненаситник и пијаница, другар на собирачи на данок и на грешници!‘