Лука 7:39-45 MNT

39 Фарисејот, гледајќи го ова, си помисли за Исус: „Да е Овој вистински пророк, би знаел која е и каква е оваа жена што го допира; би знаел дека е грешница!“

40 А Исус му рече: „Симоне, да те прашам нешто!“ „Кажи, Учителе“ - одговори тој.

41 „Двајца луѓе му должеле пари на некој човек. Едниот му должел петстотини сребреници, а другиот педесет.

42 Бидејќи не можеле да му платат, тој им ги простил долговите на обајцата. Што мислиш, кој од двајцата ќе има поголема љубов кон него?“

43 „Мислам, оној на кого му е простен поголем долг“ - одговори Симон. „Правилно процени!“ - Му рече Исус,

44 па, свртувајќи се кон жената, Му рече на Симон: „Ја гледаш ли оваа жена? Кога дојдов во твојата куќа, ти ни вода на нозете не ми полеа, а таа со солзи ми ги изми и со својата коса ми ги избриша.

45 Ти не ме доброса со бакнеж, а таа, откако Сум влезен, не престана да ми ги бакнува нозете!