30 Исус го праша како се вика, на што тој одговори: „Легион“, зашто во него имаше цела легија демони.
31 Демоните Го молеа Исуса да не ги праќа во Бездната.
32 А во близината, на ридот, пасеше едно крдо свињи. Демоните Го замолија Исуса да ги пушти да влезат во свињите и Тој им дозволи.
33 Излегувајќи од човекот, демонските духови влегоа во свињите, кои јурнаа низ стрмнината право во езерото и се удавија.
34 Кога свињарите видоа што се случи избегаа и разгласија за тоа низ градот и околината.
35 Луѓето излегоа да видат што се случило и кога дојдоа кај Исус го видоа човекот од кој беа излегле демонските духови како седи до Исусовите нозе, облечен и присебен. Се исплашија.
36 А очевидците им раскажаа како беше исцелен обземениот човек.