Лука 8:35-41 MNT

35 Луѓето излегоа да видат што се случило и кога дојдоа кај Исус го видоа човекот од кој беа излегле демонските духови како седи до Исусовите нозе, облечен и присебен. Се исплашија.

36 А очевидците им раскажаа како беше исцелен обземениот човек.

37 Тогаш целиот народ од гадарскиот крај Го замоли Исуса да си замине од кај нив, зашто голем страв им беше влегол во коските. Исус се качи на бротчето и си замина.

38 А човекот што беше ослободен од демонските духови Го молеше и тој да Му се придружи;

39 но Исус го одби, велејќи му: „Врати се дома и раскажувај за ова што Бог го направи за тебе!“ Така тој отиде и на целиот град му раскажуваше што направи Исус за него.

40 Кога се врати, Исус беше топло поздравен од народот, зашто сите Го очекуваа.

41 Му пристапи еден човек по име Јаир, кој беше управник на синагогата. Тој се фрли пред Исусовите нозе и Го молеше да дојде кај него дома,