49 Додека Исус го зборуваше ова, пристигна гласник од куќата на управникот на синагогата, Јаир, и му рече: „Ќерка ти почина. Не додевај Му повеќе на Учителот!“
50 Исус го чу тоа и му рече на управникот: „Не плаши се! Само верувај и таа ќе оздрави!“
51 Пристигнувајќи во куќата, Исус не дозволи никој да влезе со Него, освен Петар, Јаков, Јован и родителите на девојчето.
52 Сите веќе плачеа и го оплакуваа девојчето, а Исус рече: „Не плачете! Девојчето не е мртво, туку спие!“
53 Тие Му се потсмеваа, зашто знаеја дека девојчето е мртво.
54 Исус ја фати за рака и гласно извика: „Девојко, стани!“
55 Тогаш нејзиниот дух и се врати и таа веднаш стана, а Исус нареди да и дадат нешто да јаде.